
Работнички со победа ја започна битката за опстанок
Во првото пролетно коло, Работнички со гостинскиот триумф над Струга Трим Лум најави борба
Екипата на Работнички која одигра катастрофално во есенскиот дел од шампионатот, во вториот дел од сезоната стартуваше со победа и најави борба за опстанок во првата лига.
Препорачано
„Романтичарите“ денеска со 0:1 ја совладаа Струга Трим Лум во првиот натпревар под водство на тренерот Ратко Достаниќ. Јунак на Работнички беше Тошевски кој единствениот гол на натпреварот го постигна во 34. минута.
Минимален триумф оствари уште и Силекс на гостувањето кај Ренова. Единствениот гол го постигна Бурхан Мустафов во 45.минута со удар од 25 метри.
Шкупи во Чаир долго време се мачеше да принајде „дупка“ во бедемот на Борец Велес и тоа им успеа дури во финишот. Во 80. минута Мухарем Бајрами го постигна првиот гол за Шкупиа, а неколку минути подоцна заработи и црвен картон. Победата ја завери Бесар Исени во судиското продолжение од натпреварот.
Резултати 19. коло:
Академија Пандев – Шкендија 1:2
Шкупи – Борец 2:0
Ренова – Силекс 0:1
Струга ТЛ – Работнички 0:1
Вардар – Македонија ЃП 3:1
Табела: Вардар 39, Шкендија 31, Силекс 30, Академија Пандев 27, Македонија ЃП 26, Шкупи 25, Струга ТЛ 24, Борец 20, Ренова 19, Работнички 18.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
35мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5