Путин-Лукашенко/ Фото: Фејсбук

Путин и Лукашенко се најдоа и во Пекинг

„Резултатот од заедничката работа меѓу Русија и Белорусија е очигледен, вклучително и во однос на економскиот раст“, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со белорускиот лидер Александар Лукашенко во Пекинг.

Путин, според белоруската државна агенција „Белта“, ги нагласил многу блиските меѓудржавни односи меѓу Русија и Белорусија и неговите лични односи со Лукашенко.

„Важно е резултатот од нашата заедничка работа да биде очигледен. Веќе го кажав тоа, од гледна точка на економскиот раст, подобрување на структурата на економијата. На крајот на краиштата, ние правиме многу и тоа го правиме доста ефикасно“, рекол Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!