Фото: АХВ

Путер од кикиритки со чоколадo се повлекува поради небезбедност

Агенцијата за храна и ветеринарство алармира граѓаните што го купиле путерот од кикиритки „Bio Chocolate Chip peanut butter“ со сериски број односно лот ЛО107 и рок на употреба до први јули 2023 година, да не го конзумираат и да го вратат во продажните места каде што го купиле. Причината за тоа е што АХВ го отповика овој производ поради небезбедност, односно поради тоа што во него присутен бил недеклариран алерген млечен протеин. Производител на путерот од кикиритки е компанијата Nature`s Finest а увозник и дистрибутер „Зегин“.

„Крајните потрошувачи кои го имаат купено горенаведениот производ со посочениот сериски број, истиот да не го конзумираат и да го вратат на местото од каде го купиле“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот