
Пума нападнала осумгодишно момче во САД, властите сакаат да го убијат животното
Осумгодишно момче се здобило со полесни повреди откако било нападнато од пума во националниот парк Олимпик во државата Вашингтон, соопшти Службата за национални паркови. „Пумата се откажа од нападот откако мајката на детето извика и врескаше по неа“, се вели во соопштението.
Препорачано
Нападот се случил во петокот вечерта, а бил пријавен во саботата. Повредите биле занемарливи, па детето е хоспитализирано само заради евалуација. Вработените во паркот започнале потрага по пумата, која треба да се еутанизира според постоечките упатства, пишува „Ен-Би-Си“.
„Олимпискиот национален парк има обемни протоколи за видувања, интеракции и напади на дивиот свет, а отстранувањето на оваа пума е во согласност со тие протоколи“, се вели во извештајот.
Езерото Анџелес, областа каде што се случил нападот, е евакуирано. Луѓето кои кампувале биле принудени да ја напуштат локацијата, а пристапот бил забранет до понатамошно известување.
Паркот, во близина на границата меѓу САД и Канада, се наоѓа на околу 135 километри северозападно од Сиетл. Ако пумата биде фатена и убиена, службениците на паркот ќе наредат обдукција за да се бараат индиции за нејзината состојба во моментот на нападот.
Човечките интеракции, а камоли нападите се невообичаени. Пумите кои се движат сами се исто така ретка глетка. Сепак, Олимпискиот национален парк е територија на пума, па понекогаш има интеракција.
„Ако сретнете пума, важно е да не бегате бидејќи тоа може да го поттикне инстинктот на пумата за напад. Луѓето треба да се групираат, да изгледаат што е можно поголемо, да внимаваат на животното, да прават многу врева и гласно да викаат “, заклучија од парк-службата.