
1-ви Мај во Каза Бар: Урбаната традиција на 1-ви Мај добива ново издание – целодневно уживање со музика, скара, коктели и уметност
Кога ќе се спомне 1-ви мај, не може да не ни текне на она што се случува во срцето на Дебар Маало, негувано како долгогодишна традиција. Години наназад, ова култно урбано катче стана синоним за најпрепознатливиот првомајски настан во градот. Но оваа година, традицијата добива ново, освежено и многу повозбудливо издание.
Препорачано

Заедно со IQOS Curious X – креативна платформа што ги поддржува различните, храбрите и љубопитните – Каза Бар организира целодневен првомајски настан што ги комбинира вкусовите на добрата храна, звукот на квалитетната музика и енергијата на вистинскиот урбан дух.
Настанот започнува утре, на 1 Мај од 12:00 часот, и како што налага традицијата, присутните ќе бидат пречекани со добро познатите бургери од Jojo’s BBQ и ладно пиво.
Но вечерта носи целосна трансформација на атмосферата: за храна ќе се погрижат Cvet со своите такос, додека Paloma – омилениот коктел на Casa – ќе доминира на барот.
Сето ова е проследено со подеднакво внимателно избрана музичка програма – настапуваат домашните артисти The Ringtones, Pop Art, DJ Chvare, Ivan Dimitrijev и Foodieman, пратејќи ја атмосферата со ритам кој ќе ги води гостите.
Новитет оваа година е и соработката на IQOS Curious X со македонскиот стрит бренд Dreadpen, која ќе биде претставена токму на овој настан, додавајќи слој на креативност и урбана култура.