Луѓе во Турција возбудено го следат преносот од спојувањето на Драгон кру со МВС - Фотографија Profimedia

Првиот турски астронаут стаса до вселенската станица

Алпер Гезаравџи, првиот турски астронаут, пристигна на Меѓународната вселенска станица заедно со уште тројца колеги.
Четворицата астронаути патуваа со леталото Кру драгон и ракетата „фалкон 9“ на „Спејс икс“ во мисија спроведена во соработка со тексашката компанија „Аксиом спејс“.

Астронаутите ќе останат две недели на Меѓународната вселенка станица за да извршат повеќе од 30 експерименти, главно за влијанието микрогравитацијата и престојот врз вселената врз здравјето.

Покрај турскиот воен пилот Гезаравџи (44), во мисијата учествуваат и Михаел Лопез-Алегрија (65), директор во „Аксиом“ кому ова му е шеста мисија на вселенската станица, италијанскиот воен пилот, полковникот Валтер Виладеи (49), и шведскиот авијатичар Маркус Ванд (43) како претставник на Европската вселенска агенција.

На МВС тие беа пречекани од седумчлениот редовен екипаж – двајца Американци од НАСА, тројца руски космонаути и по еден астронаут од Јапонија и од Данска.

Осум години по основањето, „Аксиом“ редовно испраќа мисии до орбиталната станица, а се финансира од „вселенски туризам“. Компанијата наплаќа по 55 милиони долари за билет, со вклучена обука. Амбициите на „Аксиом“ се да изгради сопствена вселенска станица, кога НАСА ќе ја „пензионира“ Меѓународната вселенска станица по 2030 година. МВС е постојано е со екипаж од 2000 година.

Главните модули ги поставија американската и руската вселенска агенција, а во проектот се придружија Јапонија, Канада и 11 земји од Европската вселенска агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот