Протест на 200 вработени во Заеднички служби на Клинички – ниски плати и дискриминаторски однос

Околу 200 вработени во Клинички центар „Мајка Тереза“ поточно во Заеднички служби најавуваат протест, затоа што не им се исплатени ветени покачувања и им доцни платата. Протестот го најавуваат секој ден од 10 и 30 до 11 часот на просторот на хелиодромот на Клинички центар, а ќе трае се до исполнување на барањата. Се работи за вработени во службите кои овозможуваат секојдневно функционирање на клиниките – централна стерилизација, клиничка аптека, котлара, обезбедување, кисикана итн. Не се работи за медицински туку за технички персонал без кој работата на клиниките е невозможна. Меѓу нивните барања е потпишување анекс на колективниот договор за да се регулираат платите и да не бидат третирани како „граѓани од втор ред“.

Велат дека од 2023 година никогаш немаат добиено покачување, ниту пак порамнување на платите со другите вработени во Клинички центар. Платата која ја добиваат ја добиваат со задоцнување, затоа што Заеднички служби имаат блокирана сметка поради заостанати долгови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот