Фото: Општина Илинден

Просторот околу Бучинско Езеро ќе добие ново осветлување, поплочени патеки и урбана опрема

Во завршна фаза е уредувањето на просторот околу туристичкиот локалитет Бучинско Езеро во населеното место Бучинци, информираат од Општина Илинден.

Се работи на поплочување со нови бекатон плочки, а во тек е изградба на нова платформа и пешачка патека во должина од 60 метри. Исто така, пристап до местото е обезбеден со тампониран пат во должина од 100 метри, а во тек е и изградба на платформа за ловење риба. Поставено е ново улично осветлување и нови канделабри, планирано е поставување на клупи за одмор и корпи за отпадоци. Просторот ќе биде партерно уреден и за дополнително уживање на граѓаните ќе биде изграден нов летниковец, велат од Илинден.

Увид во градежните активности изврши градоначалникот Александар Георгиевски, кој истакна дека уредувањето на овој туристички локалитет е од особена важност за жителите на општината, како и за сите граѓани што сакаат да го поминат своето слободно време во една мирна и убава, а во исто време модерна средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот