Фото: Секретаријат за европски прашања

Проштална средба на Муртезани и Гир

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска денеска за последен пат се сретна со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

Муртезани му се заблагодари на евроамбaсадорот за неговиот професионален и личен ангажман за време на неговиот мандат и одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава, кои беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области, соопшти Министерството за европски прашања.

Министерот  го уверил амбасадорот Гир дека Владата на Република Северна Македонија останува посветена на стратешката определба за полноправно членство во Унијата е преку (и) спроведување на потребните реформи и пренесување на европските вредности и стандарди во нашиот систем (општество).

Министерот за европски прашања го помеша Дејвид со Ричард Гир

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот