
Пропалестинскиот активист Махмуд Калил, водач на протестите на Универзитетот Колумбија се соочува со депортација
Американски судија нареди депортација на палестинскиот активист Махмуд Калил – водечка фигура во пропалестинското движење на Универзитетот Колумбија во Њујорк – со одлука објавена во среда, пренесува Си-ен-ен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Калил треба да биде „депортиран од САД во Алжир или алтернативно во Сирија“, поради неправилност во барањето за дозвола за престој што го поднел, одлучи Џејми Комонс.
30-годишниот активист беше уапсен на 8 март во Њујорк од страна на ICE, федерална агенција за спроведување на имиграциските закони. Тој беше ослободен на 21 јуни, но постапката за неговата депортација продолжи.
Младиот активист, кој штотуку дипломирал на Универзитетот Колумбија, е во брак со стоматолог родена во Мичиген, која го родила нивниот син додека тој бил во притвор.
Калил е роден во Сирија, дете е на палестински родители и има дозвола за постојан престој во Соединетите Американски Држави.
Откако американската влада го обвини дека е „поддржувач на Хамас“, Махмуд Калид стана симбол на желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да го потисне пропалестинското движење на универзитетските кампуси, кое републиканецот го идентификува со „антисемитизам“.
Во соопштение објавено од ACLU, организација за граѓански права, Калил реагираше на судската наредба за негова депортација коментирајќи дека „не е изненадувачки што администрацијата на Трамп продолжува да се одмаздува против мене затоа што го остварив моето право на слобода на изразување“.
Сепак, судската одлука може да се обжали.