Иван Шопов „Скопје: Изгубените чевли на градот“

Промоција на словенечкиот превод на „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов

Во дворот на кафе-книжарница „Буква“ – Скопје (до поранешното кино Култура), вечер во 20 часот, на оторено, ќе биде одржана промоција на словенечкиот превод на книгата „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов.

Организатори се Словенечкиот центар – Скопје и книжарницата „Буква“ – Скопје во соработка со Амбасадата на Република Словенија и со подршка на Бирото на Владата на Република Словенија за Словенците во соседството и по светот, по повод Денот на државноста и 30-годишнината од независноста на Република Словенија.

Книгата „Скопје: изгубените чевли на градот“ e објавена во издание на Друштвото на словенечки писатели, а на словенечки јазик ја преведе Алеш Мустар. За книгата и со авторот ќе зборува писателот Владимир Јанковски.
Иван Шопов (1987, Скопје) дипломирал Општа и компаративна книжевност на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!” за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината” (2012), збирката раскази „091 – антиразгледници од Скопје”(2018), збирката сатирични текстови „Хрониките на Арслан Новинарски” (2018) и мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750″ (2019). Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот