Кирјакос Мицотакис, премиер на Грција/Фото: EPA-EFE/URS FLUEELER / POOL EDITORIAL USE ONLY

Промени во грчката влада, објавени имињата на новите министри и заменици

Промените во грчката влада беа објавени, по оставките на четворица владини функционери поради вмешаноста на нивните имиња во случајот со грчката Платежна агенција.

Досегашниот портпарол на пратеничката група на Нова демократија и поранешен министер за здравство Танос Плеврис е новиот министер за миграција и азил на Грција, додека пак поранешниот министер за туризам Харис Теохарис ќе биде заменик шеф на грчката дипломатија односно се враќа во владата, откако не беше избран за генерален секретар на Светската туристичка организација.

Двајца пратеници исто така ќе добијат функции во владата на Мицотакис. Пратеникот Јанис Андрианос, ќе стане заменик-министер за рурален развој и храна, а пратеникот од Еврос Христос Дерменцопулос заменик-министер за дигитално управување.

Сите добија телефонски повик и од Киријакос Мицотакис, кој одлучи да остане во Атина за викендот, и покрај тоа што планираше да оди во Ханија.

Положувањето заклетва на новиот министер и новите заменици-министри, пред претседателот на Републиката Константинос Тасулас, ќе се одржи во понеделник, 30 јуни, во 10:00 часот.

Во 12:00 часот, Советот на министри ќе се состане под раководство на премиерот во палатата Максимос, соопшти грчката влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот