Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Проф. Калајџиев за случајот со Даравелски: Многу е чудно, „мириса“ на изигрување на законот
Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев смета дека судската одлука поранешниот директор на Царинската управа да добие ново судење е чудна и „мириса“ на изигрување на законот.
Препорачано
„Одлуката е во најмала рака чудна. Да не речам дека отворено мириса на изигрување на законот, некој вид злоупотреба. Од кои мотиви не знам. Луѓето прво што помислуваат се лукративни мотиви. Да се тврди дека два совети се поткупени е исто така тешко обвинение… Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење, односно застарување на делото по 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него. Па нема човек во Македонија кој не знае дека Даравелски е во бегство и бил осуден. Станува смешно, да не речам трагично“, изјави за ТВ Телма професорот Калајџиев.
Некогашниот директор на Царинската управа беше осуден во отсуство за злоупотреби пред дваесет години, а неодамна се врати во Македонија од Србија, каде беше во бегство. Тој денеска беше пуштен од затворот „Идризово“ по 35 дена, откако судот му одобри ново судење, на кое најверојатно ќе биде ослободен поради застареност на делото.
ВИДЕО: Даравелски на излегување од затвор, снимен е за првпат по дваесет години
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
35мин
-
38мин
-
41мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5