Credit line: Oleg Elkov / Alamy / Alamy / Profimedia

Продолжува трендот на раст на дигиталните плаќања

Платежната статистика за вториот квартал од 2024 година покажува тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, односно платните налози, покажуваат податоците на Народна банка.

Во вториот квартал од 2024 година, забележан е значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата, со картичките издадени од домашните даватели на платежните услуги од 17,2%, и 16,2%, соодветно. Растот на бројот на платежните трансакции се должи пред сѐ на високиот годишен раст на плаќањата во е-трговијата во земјата од 21,8%, при солиден раст од 16,8% и на плаќањата на терминалските уред ПОС, соопшти Народна банка.

Годишен раст е забележан и кај плаќањата на граѓаните со платни налози, особено кај бројот на платежните трансакции од 9,4%, како и помал годишен раст од 0,9% кај вредноста на остварените трансакции, при натамошна зголемена употреба на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања.

Бројот на платежните трансакции со користење на апликациите за мобилно плаќање во вториот квартал од оваа година е поголем за 44,3% од бројот на овие трансакции во истиот период од 2023 година, а солиден годишен раст од 12,6% е забележан и кај бројот на трансакциите иницирани преку онлајн банкарството. Притоа, со користење на апликациите за мобилно плаќање, граѓаните извршиле 63,7% од вкупниот број електронски иницирани платни налози, што укажува на сè поголемата употреба на решенијата коишто им овозможуваат побрзо и поедноставно иницирање на платежните трансакции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот