Зоран Јованов (татко на Васил Јованов осомничен за предизвикување сообраќајна незгода со смртни последици) и Сашко Дуковски (адвокат на Васил Јованов) / Фото „Слободен печат“ Мирослава Симоновска

Продолжува судењето против таткото на Васил Јованов

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место, продолжува денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје. Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако обвинителството на изминатото рочиште врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“.

Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетиот, за кого судот констатираше дека бил неуредно повикан. Судијката Снежана Марковска информираше дека е испратено барање до МВР за ажурирани адресни податоци и за уредна достава на поканата.

Покрај обвинетиот, на рочиштето не се појавија ниту неговиот адвокат Сашо Дуковски, ниту сведокот Софија Черепналковска, која, според информација од нејзиниот татко, се наоѓала во странство.

Судот тогаш донесе одлука за повторно испраќање на покани до обвинетиот и неговиот бранител, заедно со изменетиот обвинителен предлог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!