Косово барикади/ Фото: STRINGER / AFP / Profimedia

Продолжува отстранувањето на барикадите на северот на Косово, информира КФОР

Мисијата КФОР денеска соопшти дека на северот на Косово во тек е отстранување на неколку возила останати на патиштата по минатомесечните блокади.

„Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот на Косово за да отстрани некои возила блокирани на патот и да ја врати слободата на движење во согласност со нејзиниот мандат на ОН”, се вели во соопштението.

Барикадите што локалните Срби ги поставија во знак на протест против апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ беа отстранети на 29 декември.

Пантиќ беше уапсен како осомничен за организирање напади врз службеници на општинските изборни комисии во северниот дел на Косово и на косовската полиција.

Основниот суд во Приштина на 29 декември му го замени притворот на Пантиќ со домашен притвор, по што започна отстранувањето на барикадите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот