Фото: Општина Карпош

Продолжи акцијата за отстранување хаварисани возила во Карпош

Во текот на денешниот ден во Карпош продолжи акцијата за подигање  хаварисани возила. Отпадните возила, како што информираат од Општината, се собираат согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со колективниот постапувач со кој Општина Карпош има склучено договор за соработка.

Возилата се подигале на територијата на  УЗ Кузман Јосифовски Питу и во Тафталиџе 1, каде од јавните површини се отстранувале возила без регистарски таблички кај кои рокот од 10 дена од залепена налепница за дислокација бил изминат.

Повторно апелираме до сите граѓани кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно истите ќе бидат остранети на нивен трошок. Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена а потоа ќе бидат однесени на рециклирање, велат од Карпош.

Оттаму информираат дека акцијата ќе продолжи до конечно подигање на сите отпадни возила на територија на оваа општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот