Дрва за огрев / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Привршува грејната сезона, во Србија се подготвува нова регулатива за квалитетот на огревното дрво

Се ближи крајот на грејната сезона, 15 април, но зимата сè уште не се откажува. Бранко Главоњиќ, професор на Шумарскиот факултет, за РТС вели дека цените на огревното дрво и пелетите на пазарот поскапеа на почетокот на март. Тој посочува и дека пазарот на огревно дрво ќе се регулира според новиот правилник, па на него ќе има само најквалитетно дрво, како и пелети. Пазарот за огревно дрво годинава ќе се регулира – готова е нова регулатива која во наредните денови ќе ја одобри Министерството за рударство и енергетика. Тој посочува дека цените биле стабилни од ноември минатата година до почетокот на март годинава, а мало намалување имало и во декември.

„Сепак, цените на огревното дрво се зголемија од почетокот на март, од 200 до 600 динари за кубен метар, во зависност од регионот, додека цената на пелетите е зголемена од 950 до 2.400 динари за тон, во зависност од магацинот и производителот“, објаснува Главоњиќ.

Според него, производството на пелети во Србија трета година по ред се соочува со огромни проблеми, бидејќи опаѓа. Минатата година производството беше за 160.000 тони помало од 2021 година.

„Државата донесе Уредба за привремено ограничување на увозот на пелети, која беше продолжена неколку пати, за да биде укината на почетокот на февруари. Уредбата им помогна на домашните производители да се ослободат од залихите на пелети“, вели Главоњиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот