Апсење /Фото: Профимедиа

Приведен бегалец од затвор баран со централна потерница

Полицијата вчера околу 14 часот го лишела од слобода 37 годишниот И.Х откако бил баран по централна потерница.

„Денеска (12.09.2023) во 14.10 часот на бул.„Србија” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Х.(37) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување на осум месеци од казната“, информираат од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот