Гори објект во Трубарево / Фото: скриншот

Притвор од 48 часа за четворицата приведени за пожарот во Трубарево

Судија на претходна постапка им одредил краткотраен притвор на четири лица за пожарот во Трубарево, кои доцна синоќа беа спроведени во судот.

– Судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на В.М., З.С., М.Д. и Л.Д. им определи мерка притвор во траење од 48 часа – соопшти Кривичниот суд.

Четворицата се осомничени за кривичното дело до чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.

Претходно, јавното обвинителство побара од судија на претходна постапка определување мерка притвор за обезбедување докази. Како што наведоа, оваа мерка е потребна за да се овозможи целосно расветлување на околностите што довеле до настанување на пожарот во складиштето за електронски отпад.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот