Бродот Евер Гивен кој се заглави на Суецкиот канал/Фото: EPA-EFE/SUEZ CANAL AUTHORITY

Превозните компании и шпедитерите во големи проблеми, ни Суец поминува 42 отсто помала тонажа

Опасноста од минување низ Црвеното Море веќе ја загрози глобалната размена, а проблем е и нивото на водата во Панамскиот канал. Резултатот е огромни транспортни трошоци и проблеми за шпедитерите да ги запазат роковите. Низ Суец моментално минува 42% помалку транспортна тонажа отколку во истиот период минатата година.

Поминувањето низ Панамскиот канал во последно време не е лесно, поради рекордно нискиот тамошен водостој. Ова значи дека бродовите треба да поминат далеку, многу подолг пат околу Африка или Јужна Америка за да стигнат до нивната дестинација. А тоа е многу поскапо и трае многу подолго: сите планови за испорака станаа обични списоци со желби. Џереми Никсон, извршен директор на сингапурско-јапонската бродска компанија Oушн Нетворк Експрес (OНE) признава за Фајненшл Тајмс дека „експресната брзина“ во името на компанијата станала недостижен предизвик.

Од минатиот декември веќе никој не знае кога ќе пристигне брод на пристаништето – што исто така значи дека не е планирано таму да го растовараат својот товар:

„Сите се обидуваат да се држат до распоредот и веќе има огромен метеж во неколку пристаништа“, вели Никсон. Ова важи и за Шангај и Дубаи, но и пристаништата околу Гибралтар каде што бродовите се подготвуваат за многу подолго патување: околу Африка, а не преку Суец.

Пресметката на овој превозник е јасна: со постоечкиот промет на стоки, на ОНЕ му требаат 12 бродови за да плови меѓу Азија и северна Европа. Но, сега, кога пловат околу Кејп Добра Надеж за патување до нивната дестинација и назад, има ритам од 102 дена за секој брод – и тоа ако се натовари и истовари навреме. Тоа значи дека сега им требаат 16 бродови за иста количина стока во исто време, иако на капетаните им беше наложено да пловат 10 до 15% побрзо од економичната брзина на бродот. Ова, пак, троши скапо гориво и ја загадува животната средина, но и тоа не е доволно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот