Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Претставничкиот дом во САД ја проширува истрагата за Џефри Епстин
Одборот на Претставничкиот дом на САД кој ги истражува злосторствата на Џефри Епстин побара предавање на нови документи, меѓу кои и книга со пораки за неговиот 50. роденден, јави Би-Би-Си.
Препорачано
Судскиот повик, потпишан од претседателот на Одборот Џејмс Комер, означува проширување на истрагата. „Волстрит џурнал“ минатиот месец објави дека книгата ја составила Гислејн Максвел во 2003 година и дека содржи пораки од бројни познаници, меѓу кои и наводна честитка со потпис на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја негираше автентичноста и поднесе тужба за клевета.
Од извршителите на оставината се бара да ја достават книгата до 8 септември, заедно со договори за доверливост, тестаментот на Епстин и други документи што би можеле да се толкуваат како список на клиенти вмешани во трговија со луѓе или сексуални злосторства.
Иако Министерството за правда и ФБИ тврдат дека таков список никогаш не постоел, шпекулациите не престануваат. И самата Максвел, која издржува затворска казна, негираше дека постои.
Аферата „Епстинови документи“ веќе недели го следи Трамп, и покрај тоа што никогаш не бил обвинет во врска со случајот.
Комер претходно упати повици и до Министерството за правда, како и до поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
9мин
-
14мин
-
24мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5