Обраќање на Сиљановска Давкова во Собрание / Фото: Принтскрин

Претседателката Сиљановска-Давкова во посета на штипската касарна „Јане Сандански“

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

При посетата, претседателката Сиљановска, како што соопшти нејзиниот Кабинет, ќе направи обиколка на дел од единиците на Армијата во оваа касарна и ќе присуствува на тактичко – техничкиот збор организиран од Вториот пешадиски баталјон, по што ќе присуствува на заедничкиот ручек.

Посетата на припадниците на Армијата на првиот ден од Новата година е традиционална активност на претседателот и врховен командант на вооружените сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот