Клиника за Онкологија / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Претресот на полицијата во Клиниката за Онкологија – најматен настан во септември според Транспаренси Интернешнл-Македонија

Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во септември.

Како дел од „матните“ настани во месец септември прв на листата е претресот на полицијата и обвинителството во клиниката за Онкологија по скандалот за кој пишуваше Слободен печат за крадење на цитостатици.

„По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на МВР преземени се дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело на Клиниката за Онкологија“, известија од Обвинителството.

Од Транспаренси го потенцираат и експресното носење на измените на на Кривичниот законик во Собранието.

Предлог-измените на Кривичниот законик кои Владата ги поднесе во Собранието по скратена постапка (со европско знаменце) предзвикаа лавина реакции во јавноста. Со нив, меѓу другото, се предвидува намалување на казните во членот 353 кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластување, кој најчесто се користеше за гонење службени лица и функционери, како и намалување на казните за делото злосторничко здружување од членот 394, односно наместо сегашните кои предвидуваат од една до десет години затвор, на една до три години затвор. Тоа повлекува и порано застарување на кривичните дела.

Исто така во „матните“ настани за септември е и случајот на командирите од затворот „Идризово“ кои подмитиле затвореник со 4.000 евра, зашто им ветил дека ќе ги премести да работат во МВР.

„Управата за извршување на санкции извршила вонреден наздор во казнено-поправниот дом „Идризово“, по поплаки од две осудени лица, кои се пожалиле од двајца командири дека им се заканувале, а кои командири пак, пријавиле дека му дале мито на едниот затвореник, а тој ветувањето не го реализирал.“

Во делот на бистрите настани за септември е наведена пресудата на професорите Шуклев и Ристевски, кои се осудени на казна затвор од пет години бидејќи барале пари и сексуални услуги од студентки за положување испит како и приведување на охриѓанец и грчки државјанин кои се обиделе да поткупат полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот