
Претрес во домот на поранешниот украински министер за внатрешни работи
Поранешниот украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека припадници на службата за безбедност денеска извршиле претрес во неговиот дом како дел од истрагата за купување хеликоптери „Ербас“, јави „Украинска правда“.
Препорачано
Хеликоптер „Ербас“ се урна на 18 јануари, при што загинаа 14 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски и други високи функционери во Министерството.
Службата за државна безбедност на Украина (СБУ) не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот на „Украинска правда“. Шефот на владејачката партија во Украина подоцна потврди дека е претресен домот на Аваков.
„Украинска Правда“ цитира изјава на Аваков дека потрагата е поврзана со хеликоптерската несреќа.
– Тие ги преразгледуваа договорите со Ербас од пред шест години, рече тој.
Аваков (59) поднесе оставка од министерската функција министер во јули 2021 година. Пред оставката беше еден од највлијателните функционери во Украина, а министер за внатрешни работи беше повеќе од седум години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
11мин
-
35мин
-
53мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5