
Пресудата ги налути поранешните соиграчи: Мецелдер обвинет за дистрибуција на детска порнографија но нема да оди во затвор
Поранешниот германски репрезентативец кој беше и тренер на младите репрезентации, Криштоф Мецелдер помина само со условна казна од десет месеци затвор доколку биде фатен дека поседува или дистрибуира детска порнографија.
Препорачано
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Шалке, Борусија Дортмунд, ја прифати казната која поради необичната благонаклоност на судот ја шокира цела Германија. Шокирани се и поранешните соиграчи на Мецелдер од репрезентацијата бидејќи се надеваа дека ќе добие заслужена затворска казна.
„Одвратно“, напиша Лукас Подолски на својот Твитер профил.
Widerlich ! ??? pic.twitter.com/aPKtmhHuUJ
— Lukas-Podolski.com (@Podolski10) April 29, 2021
Подолски потоа во изјава за „Билд“ беше далеку поостар во зборовите:
– Немам разбирање за ваквата пресуда. Тука не е поентата да се испрати порака на истакната личност. Работата е во тоа дека за вакви работи се потребни строги казни.
Со мислењето на Подолски се согласува и неговиот парнер од нападот во германската репрезентација, Кевин Курањи. Тој на Инатграм објави гневни емотикони на веста од судот, за потоа да објави наслов од весник „Гладен пензионер мора да оди во затвор поради кражба“, за на крајот да заврши со коментар „Ова е Германија“.