
Пресуда за Николов -18 години затвор за усмртувањето на 11-годишната Магдалена на пешачки премин во Велес
Ангелче Николов од Велес кој во декември минатата година во пијана состојба и со огромна брзина удри во мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што 11- годишната Магдалена почина, денеска е осуден вкупна затворска казна од 18 години.
Препорачано
„Обвинетиот безобзирно го напуштил местото на несреќата, се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените. Самото пријавување судот не го зема како олеснителна околност. Двапати е казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Признавањето на вината не се зема како олеснителна околност, затоа што судот не стекна предвид дека има кај него жалење и каење. Судот донесе пресуда – Ангелче Николов на 17.12.2022 управувајќи автомобил „мерцедес“ стори тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на повредени лице во сообраќајна незгода, па за двете дела се осудува на единствена казна затвор 18 години“ соопшти Судскиот совет на денешното судење во Велес.
Николов доби и 5 години забрана за управување со моторно возило, а времето поминато во затвор не се зема во предвид.
Претходно 28 – годишниот Ангелчо Николов целосно ја призна вината, но тоа не влијаеше Судскиот совет да изрече помала затворска казна.