ДИК / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Предлог-одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Утврдување на предлог – одлуката за избор на членови на Државната изборна комисија и на предлозите за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, се на дневниот ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Пред пратениците – членови на оваа Комисија на оваа седница е и проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 207/2024).

На дневниот ред на седницата се и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог – одлука за именување членови на Агенцијата за електронски комуникации, како и утврдување Предлог – одлука за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот