Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска/Фото: МФ

Предизборниот ребаланс на буџетот ги одразувал реалните потреби на граѓаните, вели Димитриеска Кочоска

Собранието го усвои Ребалансот на Буџетот за 2025 година, а министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека тоа не е само техничка корекција, туку „внимателно планиран економски чекор со конкретна цел – развој, стабилност и социјална правда“.

Со ребалансот се предвидуваат повеќе пари за повисоки пензии и плати, зајакната социјална заштита и нови средства за капитални проекти. Дефицитот останува на ниво од 4% од БДП, што според Министерството за финансии, покажува „фискална одговорност и стабилност“.

– Секоја ставка во ребалансот е резултат на внимателна анализа. Ова е буџет за раст, сигурност и фискална дисциплина, изјави Димитриеска-Кочоска.

Дополнително, ребалансот вклучува насочена поддршка за домашната економија и за стратешките инвестиции, со фокус на долгорочен економски напредок.

Министерството за финансии нагласува дека овие мерки се прилагодени на актуелните економски услови и се одговор на барањата на граѓаните за подобри услуги, социјална заштита и сигурна иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот