Александар Вучиќ и Здравско Понош кандидати за претседател на Србија на изборите во април/Фото колаж/ Слободен печат

Предизборен молк во Србија од полноќ

Во Србија од полноќ почнува изборен молк пред вонредните парламентарни, редовните претседателските и редовните локалните избори за Град Белград и 12 локални самоуправи, кој ќе трае до недела, 3 април, до 20 часот, кога се затвораат избирачките места, јави доспиникот на МИА од Белград.

За време на изборниот молк се забранува изборна пропаганда, одржување предизборни собири на јавни места и објавување проценки за изборните резултати.

Забрането е истакнување симболи на политички партии и друг пропаганден материјал на гласачките места и на 50 метри од нив.

Доколку не се почитува оваа одредба, избирачкиот одбор по закон се расп ушта, а гласањето се повторува на тоа избирачко место.

Во Србија годинава се смени Законот за електронски медиуми со кој се забрануваат функционерски кампањи, па на медиумите им беше забрането од 24 март до 1 април да известуваат за активностите на функционерите кои се и кандидати на изборите од отворањето на инфраструктурни работи и објекти.

Гласачите на предвремените парламентарни избори во недела од 07 до 20 часот ќе можат да гласаат за 19 листи, за осум претседателски кандидати, а Републичката изборна комисија е должна најдоцна до 7 април до 20 часот да ги објави официјалните резултати.

На парламентарните избори, според пропорционалниот систем, за Народното собрание на Република Србија се избираат 250 пратеници. Право на глас имаат 6.501.689 запишани избирачи на 8.255 избирачки места.

Според важечкиот Изборен закон, Република Србија претставува една изборна единица. Пратеничките мандати се распределуваат пропорционално на бројот на освоени гласови. Политичките партии на националните малцинства при распределбата на мандатите, кои доколку не го надминат изборниот праг од 3 отсто, подлежат на „природнен праг”, кој се добива кога бројот на важечки гласови ќе се подели со 250 пратеници за секое место, што во зависност од излезноста на изборите, претставува меѓу 12.000 и 16.000 гласови.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот