Фото: FSV Mainz 05

Пред еден месец потпиша за Мајнц, сега заврши во затвор

Пред еден месец Мајнц го потврди трансферот на Јапонецот, Каишу Сано, а сега овој фудбалер заврши во затвор.

Имено, според информациите кои доаѓаат од неговата земја, Сано бил уапсен заедно со уште две лица поради силување.

Тие се осомничени за силување на 30-годишна жена во градот Јушима. Случајот го потврдија и од Мајнц.

„Клубот е изненаден од информациите на јапонските медиуми за приведувањето на Сано. Во овој момент нема да ги коментираме извештаите поради недостигот на информации. Се надеваме работата ќе биде расчистена колку што е можно побрзо“, соопштија од германскиот бундеслигаш.

Инаку, Сано е 23-годишен фудбалер кој во Мајнц пристигна од Кашима за која одигра 43 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот