Јан Липавски/ Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Прага бара од ЕУ да го ограничи движењето на руските дипломати

Европската Унија го разгледува чешкиот предлог за ограничување на движењето на руските дипломати низ целиот блок. Поддржувачите велат дека тоа би ја ограничило манипулацијата од страна на дипломатите; скептиците предупредуваат дека е во голема мера симболичен и тежок за спроведување, а може да предизвика и одмазда од Русија, пишува РСЕ.

Чешката Република еднострано забрани влез за сите руски дипломати стационирани во други европски земји, наведувајќи дека Москва ги користи за шпионажа и саботажа.

„Саботажните операции се во пораст и нема да ризикуваме агенти под дипломатска покривка“, изјави шефот на дипломатијата Јан Липавски.

Истовремено, Европската комисија реши да не предложи забрана за туристички визи за руските граѓани во новиот пакет санкции, но ја разгледува мерката за ограничување на движењето на руските дипломати и нивните семејства низ ЕУ.

За ваквиот потег потребна е едногласна согласност на сите 27 земји-членки, што според дипломатите ќе биде тешка задача.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот