Instagram

Познатата пејачка го оставила отворен задниот влез па ѝ украле накит во вредност од 270.000 евра

Пејачката Иги Азалеја (29) и нејзиното момче, раперот Плејбој Карти пријавиле кражба на накит вреден околу 270.000 евра од нивната куќа во Атланта.

Пеjачката рекла дека крадецот украл различен накит, меѓу кој и дијамантска алка вредна околу 67.000 евра, златен саат со дијаманти во вредност околу 95.000 евра, како и дијамантскиот венчален прстен.

Азалеја ѝ рекла на полицијата дека била сама во подрумот на изнајмената куќа во Атланта на 15 ноември кога слушнала чекори во трпезаријата на вториот кат.

Била дождлива ноќ и Иги помислила дека е Плејбој, бидејќи ја оставила отклучена задната врата.
Иги и Плејбој викнале полиција на 17 ноември откако сфатиле дека ја нема торбата во која го чувале целиот накит.

На надзорните камери виделе маж како влегува во куќата на задната врата во 21.51 и како излегува по 8 минути со вреќа во рацете. Картер рекол дека осомничениот носел пиштол и имал црна маска и ракавици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот