Фото: Анте Ждериќ / Фејсбук

Познат хрватски свештеник: Кој не ги осудува злосторствата во Јасеновац, не може да биде верник

Познатиот свештеник од Сплит, Анте Ждериќ, во својата неодамнешна колумна за „Аутограф“, меѓу другото напиша дека „секој што не го осудува злосторството во Јасеновац, не може да биде верник“.

„Радикалните идеологии се духовна „Мека“ за сите оние кои не беа во можност да постигнат ништо во животот, тие се нешто што му дава смисла на нивното постоење. Затоа идеологиите се опиум за неуспешните. Тие се добредојдено покритие за садисти и за луѓе што не можат да се видат во ништо друго освен во радикализмот на насилството што им го нуди идеологијата. Како и да не биде така, кога не ги бива за ништо. Тие го градат својот идентитет врз заблудата дека се повредни од другите. Затоа бројат крвни зрнца, гледаат во бојата на кожата и очите. Или гледаат со колку прсти некој се крсти. Ништо друго не знаат. Ниту пак сакаат да знаат“, пишува Ждериќ, кој во јавноста често го критикува хрватскиот национализам.

Светот на националистите свештеникот го нарекува „свет на неуспешни молери, кокошкари, манијаци, неуспешни политичари“.

„Никогаш нема да најдете самоактуелизирана личност меѓу идеолозите и нивните сродни криминалци. Исто како и меѓу оние кои им се восхитуваат, ги поддржуваат или ги оправдуваат нивните политики. Тоа е свет на лаги, полумитови, насилство, негирање, криење, садизам и циничен кукавичлук Тоа е свет на пропаднати молери, кокошкари, манијаци, неуспешни политичари…“, пишува Ждериќ.

„Против протагонистите на идеологиите, има храбри луѓе. Луѓе. Жртви. Толку многу познати и безимени. Наша човечка должност е да се сеќаваме на нив. Секоја година на 22 април се сеќаваме на пробивот на затворениците од концентрациониот логор на смртта Јасеновац, во 1945 година“, додава тој.

„Тој ден, околу 670 затвореници во логорот ги нападнаа чуварите со голи раце, обидувајќи се да ја добијат својата слобода и живот. Повеќето од нив загинаа под пукање од митралез. Само околу деведесет од нив беа спасени. Зборувајќи за бројот на жртвите на Јасеновац би звучело како наддавање, во нашиот социјален контекст оптоварен со политика, идеологии, фундаментализам, фанатизам, лични интереси“, пишува свештеникот.

„Да беше убиен макар и еден човек – ќе беше премногу. Негирањето на тој логор на смртта, како и на другите, би значело учество во злосторствата што биле планирани и извршени таму врз Србите, Евреите, Ромите, Хрватите…“, додава тој.

„Релативизирање на злосторството, оправдување со други злосторства, криење или оттргнување од него, би значело да дозволиме злото да ги киднапира нашите деца. Душата на оние (кои оправдуваат, кријат, релативизираат) е веќе киднапирана. Посебно е цинично зло да се искривуваат тезите и да се обидуваме да го засениме (или оправдаме) прашањето за Јасеновац со прашањето за комунистите или злосторствата од Татковинската војна. Манипулирањето со жртвите во нашето милје е секогаш омилена работа на демагогот, особено според принципот „колку се толку многу“ или „колку се тие?! Туѓото зло не го оправдува вашето!“, пишува Ждериќ.

„Кој не е подготвен да ја осуди наци-фашистичката идеологија, не може да биде верник“

„Јасно осудувањето на наци-фашистичката (и која било друга) идеологија, и нејзините локални верзии, не е само прашање на основна култура, туку уште повеќе на нашата цивилизација, цивилизација и религиозен светоглед (за верниците). Секој што не е подготвен тоа да направи, едноставно не припаѓа на цивилизирано општество. Таков човек не може да биде верник, дури и ако ги примил сите причести, правилно и навреме. Евангелистичката порака на Исус Христос е едноставно дијаметрално спротивна на геноцидот што стои како идеја во основата на логорот Јасеновац. Самиот Исус Христос, како Евреин, би бил погубен таму. Не, нема оправдување за тоа. Злото на идеологијата е такво што се обидува да се оправда, да се камуфлира, затоа е особено перфидно“, вели свештеникот Ждериќ.

„Вистината во љубовта те ослободува. Осудата на споменатите злосторства е, едноставно кажано, исцелување. За поединецот, нацијата, општеството. За сите. Осудете го злосторството! Осудете ја идеологијата, дури и ако е во вашиот двор! Ова е слободата заради која Христос те ослободи!“ додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!