Том Холанд - Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Познат актер Том Холанд откри дека се бори со АДХД и дислексија: „Може да биде страшно …“

Ѕвездата од „Спајдермен“ ја користи својата креативност и решителност за да се истакне во други области.

Актерот Том Холанд (29), најпознат по улогата на Спајдермен, проговори за своите борби со АДХД (ADHD) и дислексија и ја откри својата дијагноза за прв пат. Том рече дека поради неговата состојба, некои ситуации на работа можат да бидат „страшни“.

„Имам ADHD и дислексија, а понекогаш може да биде застрашувачки кога некој ми дава празно платно. Понекогаш се соочувате со тие предизвици кога развивате лик“, изјави тој за „ИГН“, додавајќи дека тоа што имс различни хобија му помага.

Холанд не зборувал за тешкотиите со учењето во минатото, но неговата дислексија влијае на неговото читање и пишување.

И покрај неговите борби во училиште, дислексијата на Том не го спречила да успее. Тој ја искористил својата креативност и решителност за да се истакне во други области, развивајќи силна работна етика што му служеше добро во неговата актерска кариера. Морал да истрае низ неволјите, претворајќи ги предизвиците во отпорност, сила што многу деца со дислексија ја развиваат за да се справат со годините минати во училиште. Всушност, тој изјавил дека дислексијата му помогнала да стане подобар актер, велејќи дека таа ја подобрила неговата креативност и интуиција, дозволувајќи му да пристапи кон улогите на уникатен начин.

Инаку, АДХД (нарушување на дефицит на внимание и хиперактивност) може да предизвика проблеми со концентрацијата и мирното седење, додека дислексија е честа тешкотија во учењето што предизвикува проблеми со читањето и пишувањето.

Том ја започна својата успешна кариера во театарот, а своето филмско деби го имаше во 2012 година во филмот „Невозможното“. Четири години подоцна, тој се појави за прв пат во улогата на Спајдермен, во филмот „Капетан Америка: Граѓанска војна“. Веќе следната година, тој ја играше главната улога во филмот „Спајдермен: Враќање дома“ и се појави во следните две продолженија – „Спајдермен: Далеку од дома“ и „Спајдермен: Нема пат кон дома“. Тој ќе се врати во својата најпозната улога во 2026 година во филмот „Спајдермен: Сосема нов ден“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот