
Пожарот во Преспа под контрола, предизвикана голема штета врз живиот свет во паркот Езерани
Пожарот во Паркот на природата Езерани во Преспа е ставен под контрола, соопштија утрово од Македонското еколошко друштво.
Препорачано
Велат дека поминале релативно мирна ноќ во Преспа и дека ситуацијата во Езерани е под контрола, но сепак предупредуваат на внимателеност.
в
„Пожарот предизвика голема штета врз живиот свет во паркот. Во претстојниот период нè очекуваат високи температури и сите треба ригорозно да се придржуваме кон мерките за превенција од пожари.
Неизмерна благодарност до сите кои на било каков начин учествуваа и помогнаа во гаснењето на пожарот, најпрво до ренџерите од Парк на природата Езерани / Nature Park Ezerani при Општина Ресен, како и до сите останати екипи од National Park Galicica, Nacionalen Park Pelister, Територијалната противпожарна единица во Ресен, ЈП Национални шуми, Дирекција за заштита и спасување – Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim, Центар за управување со кризи, ЕКО – ФАП, месното население на Езерани, Долно и Горно Перово, Волкодери, Покрвеник, Прељубје, Шурленци, Асамати и сите други.
Да ја чуваме нашата Преспа, нејзината природа и сите живи видови со кои го споделуваме нашиот дом!“, велат од Македонското еколошко друштво.
И директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов синоќа информираше дека пожарот околу Преспанско Езеро е ставен под целосна контрола.
Пожарот во Преспа кај Езерани е целосно под контрола, уверува Ангелов