Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Пожарникари отстраниле опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Пожарникарите од ТППЕ Виница вчера имале техничка интервенција на испукана боца со хлор во филтер станица, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Информираме за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица. Конкретно, РЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станицата – се вели во соопштението.

Од ЦУК додаваат дека интервенирале четири пожарникари со две возила.

Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!