Фото: Принтскрин

ПОЖАРИТЕ И НАТАМУ БЕСНЕАТ ВО ШПАНИЈА: Огнената стихија ја уништува шумата, сообраќајот во прекин (ВИДЕО)

Пожарникарите се борат со пожарите кои беснеат на неколку локации во шпанска Галиција, поради што сообраќајот на неколку автопати е прекинат, а наредена е и евакуација во неколку загрозени населби.

Пожарите кои се шират поради силниот ветар, жешко и суво време досега се уништени повеќе од 500 хектари шума, пренесува Ројтерс.

Регионалните власти соопштија дека се стабилизирани два пожари во општините Барбантес и Монфорте де Лемос, но дека уште два, во Фистера и Порто до Соно и натаму се активни.

Во октомври 2017 година, голем пожар изби во Галиција, во кој страдаа најмалку четири лица.

Минатиот месец во големите пожари на шпанскиот остров Гран Канари уништени се 10.000 хектари, во главно на подрачјата во заштитените природни паркови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот