Нова Каледонија / Фото EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Повторно отворен аеродромот во Нова Каледонија

Главниот аеродром на француската прекуморска територија Нова Каледонија повторно ќе биде отворен за сообраќај откако беше затворен еден месец поради големите судири меѓу полицијата и милитантните борци за независност.

Аеродромот Ла Тонтута, кој го поврзува главниот град на Нова Каледонија Нумеа со летови до Сиднеј, Токио, Сингапур и други места, повторно ќе биде отворен в понеделник, се вели во денешното соопштение на високиот комесар на територијата.

Донесена е и одлука полицискиот час да се скрати за околу два часа, поради „подобрување на ситуацијата и да се олесни постепеното враќање во нормален живот, се вели во соопштението на високиот комесар.

Насилството што избувна на 13 мај поради контроверзните реформи за гласачкото право остави девет мртви, вклучително и двајца жандарми, и голема материјална штета. Како што започна кампањата за предвремените парламентарни избори во Франција, францускиот претседател Емануел Макрон ги суспендираше реформите кои би ги промениле избирачките права во Нова Каледонија.

Туристите заробени поради затворањето на аеродромот беа евакуирани со воени авиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот