
Повлечени небезбедни суплементи за мускулна маса
Агенцијата за храна и ветеринарство извести дека ги отповикала производите Напалм Пре-контест стимулант фри од 350 грама и СКИЛЛ Лабс Ангел Даст од 270 грама поради присуство на недозволена новел состојка алфа ЏПЦ. Производител е Фитнес Ауторити Сп.з.о.о. од Полска, а увозник и дистрибутер е: ДПТУ Д СТРОНГЕСТ ШОП ДООЕЛ Скопје.
Препорачано
Агенцијата ги посочува и увезените лотови, фактот дека рокот на овие производи им е до јануари 2025 година, односно до февруари 2024 година, како и дека се со различни вкусови -Драгон фрут, Манго лемон и Ватермелон. Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со посочените сериски број/лот, истите да нe ги консумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле.
Според Европската Агенција за безбедност на храната (ЕФСА) на нашата трпеза постојано пристигнуваат нови видови храна, а поимот „нова храна“ не е нов. Низ историјата нови видови храна, состојки на храна или начини на производство на храна го пронашле својот пат до Европа од сите страни на светот. Банани, домати, тестенини, тропско овошје, пченка, ориз, широк спектар на зачини – сите првично дојдоа во Европа како нова храна. Меѓу неодамнешните пристигнувања се семето чиа, храната базирана на алги, овошјето баобаб и фисалис (перуански меко или огрозд). Според регулативите на ЕУ, секоја храна што не била консумирана „значително“ пред мај 1997 година се смета за нова храна.
-Категоријата опфаќа нова храна, храна од нови извори, нови супстанции кои се користат во храната како и нови начини и технологии за производство на храна. Примерите вклучуваат масло богато со омега-3 масни киселини од крил како нов извор на храна, инсекти кои се јадат или растителни стероли како нова супстанција или нанотехнологија како нов начин на производство на храна – објаснуваат од ЕФСА.