Повисоки продажните цени на индустриските производи

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јануари се повисоки за 3,1 проценти на месечно ниво, а за 4,2 проценти на годишно ниво. 

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јануари годинава се повисоки за 2,2  проценти на месечно ниво и за 3,3 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јануари 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 1,4 проценти, во преработувачката индустрија за 2,4 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,5 проценти.

Во јануари 2020, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 6,2 проценти и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6 проценти, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 4,4 проценти.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јануари се повисоки за 3,1 проценти на месечно ниво, а за 4,2 проценти на годишно ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!