
Постои паметен паричник што секогаш е со тебе!
Мобилниот телефон одамна не е само телефон. Тој те буди наутро, те потсетува за состаноците, ти ги брои чекорите и те советува за добро здравје, ти нуди музика што одговара на твоето расположение. Го следи твојот ритам и се прилагодува на твоите потреби.
Препорачано
Сега, твојот паметен телефон е подготвен да биде и твојот паричник. Кога твојот iPhone или Apple Watch ќе стане и твој паричник, тоа не е само уште една функција, туку и повеќе слобода во секој твој ден.
Со активирање на услугата Apple Pay, овозможена од Комерцијална банка за корисниците на нејзините дебитни и кредитни картички, твојот омилен паметен уред станува најсигурно место за твоите картички. А, плаќањето во продавница, апликација или онлајн станува лесно, брзо и безбедно.
Еден допир со iPhone или Apple Watch е доволен за секое плаќање – за утринско кафе, на бензинска пумпа, во маркет после работа, на пијачка навечер, во твојата омилена онлајн продавница… Apple Pay услугата е достапна и на iPad и Mac.
Сѐ што е потребно за да уживаш во оваа привилегија е да ја преземеш бесплатната апликација Apple Wallet и да ги додадеш во неа твоите картички од Комерцијална банка. Постапката може да ја започнеш и преку апликацијата мБанка. Може да додадеш неограничен број картички, а потоа да бираш со која ќе плаќаш.
Како се плаќа со Apple Pay?
Во маркети, аптеки, ресторани, кафетерии, продавници – избери ја картичката во Apple Wallet, доближи го твојот iPhone или Apple Watch до терминалот за бесконтактно плаќање и кликни двапати на страничното копче. Плаќањето е завршено.
Во апликација или на интернет – избери Apple Pay како метод за плаќање, внеси податоци за сметката од продавачот, испорака и контакт ако е потребно и потврди го плаќањето со Face ID, Touch ID или passcode.
Покрај практичност, Apple Pay носи и највисоко ниво на сигурност. Секоја трансакција е заштитена со уникатен дигитален код, а бројот на твојата картичка никогаш не се зачувува на уредот на трговецот, ниту на серверите на Apple. Со Face ID, Touch ID или лозинка само ти можеш да го автентицираш плаќањето, што значи дека твоите пари се секогаш безбедни.
А најубавото е што плаќањето со Apple Pay е прифатено на илјадници места низ светот и онлајн, па каде и да си, твојот телефон или часовник секогаш е доволeн. Затоа што од мобилниот, речиси никогаш, и не се одвојуваш.
Со овозможувањето на Apple Pay, Комерцијална банка повторно се потврдува како партнер на твоето модерно секојдневие. Со твоите картички од Комерцијална банка и со Apple Pay секојдневното плаќање станува ново искуство во кое едноставноста, практичноста, сигурноста и стилот одат заедно. А во светот што не чека твоето секојдневие се движи беспрекорно во твој ритам.