Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Постигнат договор: Ван Нистелрој добива нова шанса во Премиер лигата

Руд Ван Нистелрој експресно ќе се врати во Премиер лигата по заминувањето од Манчестер Јунајтед.

Холандскиот стратег привремено го водеше клубот од „Олд Трафорд“ се до пристигнувањето на Рубен Аморим и на четири натпревари забележа три победи и едно реми, претходно ја извршуваше улогата на помошник на Ерик Тен Хаг.

Според последните информации, Руд Ван Нистелрој постигнал договор со Лестер и наскоро ќе биде промовиран за наследник на Стив Купер кој пред неколку дена доби отказ.

Деталите од договорот помеѓу Ван Нистелрој и поранешниот англиски шампион засега не се откриваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот