Фото: Општина Центар

Поставени шест куќички за бездомни кучиња во Паркот на франкофонијата

Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“, кој има за цел подобрување на условите за бездомните животни и поттикнување на инклузивноста во јавните простори.

Донацијата, првично е доделена на граѓанската асоцијација „Хумани градови“, која поднесе барање до Општина Центар за нејзино примање и реализација.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека ова е пример за вистинска соработка помеѓу граѓанскиот сектор, меѓународната заедница и локалната самоуправа.

Благодарни сме на Амбасадата на САД за поддршката, како и на организацијата Хумани градови за иницијативата и за тоа што ја препознаа Општина Центар како партнер за реализација на овој хуман проект. Оваа донација е поттик и обврска да продолжиме со политики што ја промовираат грижата за животната средина и за сите живи суштества што делат простор со нас, рече Герасимовски.

Со поставувањето на засолништата, Паркот на Франкофонијата добива нова, хумана димензија – простор за заштита на животните и пример за одговорно и инклузивно уредување на јавните површини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот