Фото: EPA-EFE/MÁRIO CRUZ

Португалскиот премиер Коста освои мнозинство во Парламентот

Португалскиот премиер Антонио Коста изјави дека неговата Социјалистичка партија на левиот центар обезбедила парламентарно мнозинство од 117-118 места на вчерашните парламентарните избори.

– Апсолутно мнозинство не значи апсолутна моќ. Тоа не значи владеење сам. Тоа е зголемена одговорност и значи владеење со и за сите Португалци, рече Коста во својот победнички говор пред објавувањето на официјалните резултати.

Во Португалија вчера се одржаа парламентарни избори, во услови на дополнителни мерки на претпазливост откако Владата одлучи да им дозволи на гласачите заразени со коронавирусот да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани.

Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се изолирани поради Ковид-19, владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на денешното гласање. Изборната комисија на прес-конференција соопшти дека „исполнети се сите услови гласањето да се одвива во апсолутно безбедни услови”.

Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди за бројот на заразени со Ковид-19, иако во последниот бран на сојот Омикрон е намалена смртноста и хоспитализирањата благодарение на високите стапки на вакцинација.

Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но апелот не беше обврска и немаше посебни избирачки места за заразените гласачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот