Протести во Ерусалим, Израел / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Поранешниот телохранител на Нетанјаху стана водач на протестот за прекин на војната во Газа

Поранешниот телохранител на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Ави Дрор, стана водач на протестите каде што Израелците бараат прекин на војната, а тој вели дека неговиот израелски лидер ја продолжува војната само за да избегне истраги и затворање, јавува Тајмс оф Израел.

Дрор додаде дека Нетанјаху повеќе не е истата личност и дека направил сè за да стане модерен диктатор и успеал.

„Тоа е единствениот начин да избегне затвор. Ние во Израел имаме премиер и влада кои работат на продолжување на војната, а тоа е исклучиво за политичките интереси на Нетанјаху. Ја поддржувавме оваа војна во првите 12 месеци, но оттогаш таа стана неприфатлива“, рече Дрор во интервју за италијанскиот весник „Република“.

Тој вели дека затоа станал водач на движењето кое се стреми да ја запре војната.

„Во Израел во моментов се случуваат две работи: едното е војна, а другото е војната на владата против судскиот систем, чиј последен чин е обидот да се замени државниот обвинител“, рече Дрор, кој сведочеше и пред Врховниот суд во Ерусалим во случајот против Нетанјаху.

Протести Израел
EPA/ABIR SULTAN

Поранешниот телохранител на израелскиот премиер вели дека се придружил на антивоените протести и излегол на улиците како и многу други израелски граѓани, објави весникот.

„Оној кој сè уште очекува Нетанјаху да покаже милост не сфатил дека разбира само сила. Тоа е она што го правиме на овие протести – треба да ги окупираме улиците, патиштата, да испланираме нови акции“, заклучи Дрор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!