
Поранешната жена на најсекси фраерот на Холивуд после година и пол по разводот трудна со друг
Со недели се шушкаше дека глумицата е бремена со Стив со кого започнала врска во октомври минатата година, само шест месеци откако се развела со Ченинг Тејтум (49), кој ја носи титулата најсекси фраер на Холивуд.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Да се стане мајка е едноставно најволшебната работа што некогаш ми се случила. Стив, ти си дар од небото и не можам да бидам посреќна што заедно ќе го прошириме семсјтвото. Луѓе, ви благодарам за љубовта“, напишала глумицата на Инстаграм покрај фотографијата на која лежи покрај својата ќерка.

Џена со Ченинг ја има ќерката Еверли (6), а наскоро со Стив ќе го добие првото дете. И Стив на својот инстаграм-профил потврдил дека неговата поубава половина е бремена и напишал дека е пресреќен што ќе стане татко и тоа токму со најпрекрасната партнерка што ја има покрај себе.
