
Поранешен командант на ОВК доби 18 години затвор за злосторството во Кукс
Поранешен командант на ОВК е прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на 18 години зад решетки заради убиства сторени во 1999 година за време на борбата за независност на Косово.
Препорачано
Шала или подобро познат како „командант волк“ доби 18 години затвор за злосторства извршени во илегалниот логор на ОВК во Кукс на северот на Албанија. Како што изјави судијката на Специјализираните совети на Косово во Хаг, Шала имал намера и лично придонел во извршувањето на кривичните дела за кои се товари.
Тој се товари за сторено кривично дело лишување од слобода на најмалку 18 лица, тортурата како воено злосторство, но и се терети за убиство како воено злосторство за четвртиот случај на лице во фабриката за метал во Кукс.
-Имајќи ги предвид сите докази, советот ве прогласува за виновен Пјетер Шала за воени злосторства, рече судијката Мапи Велт Фоља пред Специјализираните совети за Косово во Хаг, додавајќи дека е осуден на 18 години затворска казна.
Инаку Шала беше обвинет, по четири точки, за произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства на притвореници косовски Албанци во импровизиран притвор на ОВК во фабриката за метал во Кукс, помеѓу 17 мај и 5 јуни 1999 година.