Ким Џонг УН EPA-EFE/

Поради војната во Украина, можна е истрага на Хашкиот суд за воени злосторства против Ким Џонг-ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун би можел да се соочи со истрага за воени злосторства пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) со седиште во Хаг, поради неговата поддршка за војната на Русија против Украина, изјави денес поранешниот шеф на тој суд, Сонг Санг-хјун.

Јужнокорејскиот адвокат објасни дека постои можност украинските власти, како жртва, да поднесат тужба против Северна Кореја пред Меѓународниот кривичен суд.

„Иако би било идеално Украина да го поднесе случајот, МКС има и овластување да покрене независна истрага“, рече Сонг на меѓународна конференција во Сеул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот