Поради присуство на мувла, од пазарот се повлекува грчки јогурт

Од АХВ претходно соопштија дека по добиената нотификација за увезени потенцијално небезбедни производи – говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година и спроведениот вонреден инспекциски надзор, утврдено е дека целокупното увезено количество од производите со посочените серии и рокови на употреба не е пуштено во промет

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДТГМУ ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, ул. Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје, врши отповикување на следниве небезбедни производи:
– КОЛИОС Грчки јогурт, 0%, 500 г, Лот:4243250644
– КОЛИОС Грчки јогурт, 0%, 150 г, Лот: 4243025064
Рокот на употреба е до 16 август годинава. Причина за отповикувањето – присуство на мувла и потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Производител: Колиос Грција
Увозник во РСМ: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје, дистрибутер во РСМ: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје, оператор со хрaна: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје.

Од АХВ предупредуваат дека потрошувачите кои ги имаат купено горенаведените производи со посочените лотови и рок на употреба, иститe да нe ги консумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле.

Од АХВ претходно соопштија дека по добиената нотификација за увезени потенцијално небезбедни производи – говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година и спроведениот вонреден инспекциски надзор во магацин на компанијата увозник, утврдено е дека целокупното увезено количество од производите со посочените серии и рокови на употреба не е пуштено во промет, односно, потенцијално небезбедните производи се наоѓаат во магацинот на увозникот.

-Станува збор за 2.400 парчиња говедска коцка за супа од по 120 грама увезени на 15.07.2024 година и исто количество пилешка коцка за супа увезени на 16.07.2024 година, сите со посочените серии и рокови во известувањето добиено преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (РАСФФ –Виндоу)со референтен број 2024.5845. Инспектор за храна на АХВ по спроведениот вонреден надзор на операторот со храна му издаде забрана за пуштање во промет на наведените производи и нареди нивно нештетно уништување на депонија – велат од АХВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот